култура и уметност

Традиција стара два века: Бугарите од Калофер заиграа во ледените води на Тунџа

За време на празникот Богојавление, во утринските часови жителите дојдоа до реката Тунџа. Група од нив влегоа во реката покриена со мраз и ја разбија ледената покривка, со што им овозможија и на другите да влезат во водата.

İhvan Radoykov  | 06.01.2019 - Обновена : 08.01.2019
Традиција стара два века: Бугарите од Калофер заиграа во ледените води на Тунџа İhvan Radoykov/AA

Kalofer

КАЛОФЕР (АА) - Мажите од бугарскиот град Калофер и оваа година, во придружба на звукот на тапаните влегоа во леденостудената река Тунџа и заиграа, со што уште еднаш потсетија на традицијата стара речиси 200 години, јавува Anadolu Agency (AA).

Бугарите за време на празникот Богојавление, во утринските часови дојдоа до реката Тунџа. Група од нив влегоа во реката покриена со мраз и ја разбија ледената покривка, со што им овозможија и на другите да влезат во водата.

Иако температурата на воздухот изнесуваше 8 степени под нулата, десетици мажи од Калофер влегоа во водите на студената река Тунџа и танцуваа околу половина час.

Мештаните веруваат дека овој танц носи здравје и благосостојба на семејствата, а е добар и како дел од туристичката понуда.

Меѓу присутните беше и началникот на Калофер, Румен Стојанов, кој рече дека сите хотели во тој дел се пополнети и дека резервациите се направени неколку месеци претходно.

„Колку и да е ладна Тунџа, никој што учествуваше во танцувањето, било од младите или од старите, не настина“, рече Стојанов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın