култура и уметност

Светилиштата во јапонскиот град Кјото, носители на културното наследство на земјата до денешно време

Меѓу најпосетуваните светилишта е шинтоистичкото светилиште Фушими Инари-тајша, еден од најзначајните верски објекти во Јапонија, сместен во подножјето на планината Инари во Кјото

Aida Cako  | 16.01.2026 - Обновена : 16.01.2026
Светилиштата во јапонскиот град Кјото, носители на културното наследство на земјата до денешно време Фото: Osmancan Gürdoğan/AA

КЈОТО (AA) - Туристи од различни делови на светот ги посетуваат светилиштата во Кјото, град којшто претставува една од водечките туристички дестинации во Јапонија, јавува Анадолу.

Меѓу најпосетуваните светилишта е шинтоистичкото светилиште Фушими Инари-тајша, еден од најзначајните верски објекти во Јапонија, сместен во подножјето на планината Инари во Кјото.

Фушими Инари-тајша е препознатлив по своите илјадници црвени тории-порти кои се протегаат по планинските патеки и претставуваат симбол на јапонската шинтоистичка традиција.

Светилиштето е посветено на божеството Инари, заштитник на оризот, плодноста и просперитетот, што го прави едно од најпосетуваните свети места во земјата.

Покрај Фушими Инари-тајша, меѓу најпознатите и најпосетувани свети локации во Кјото се и светилиштето Хејан, како и пагодата Јасака, кои секојдневно привлекуваат голем број домашни и странски посетители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın