Муралите во Тирана, уметност што ги трансформира и разубавува зградите во албанскиот главен град
Како дел од трансформацијата во модерна метропола, Тирана располага и со улична уметност, особено мурали што може да се сретнат речиси во сите населби на албанската престолнина
ТИРАНА (AA) - ФАТЈОН ЦУКА - Последниве години муралите се претворија во една од посебните форми на уметност во Албанија, ширејќи се во неколку градови низ земјата, јавува Анадолу.
Како дел од трансформацијата во модерна метропола, Тирана располага и со улична уметност, особено мурали што може да се сретнат речиси во сите населби на албанската престолнина.
Муралите продолжуваат да привлекуваат внимание и да го менуваат изгледот на старите и новите објекти во Тирана, поставени главно на станбени згради, јавни објекти, но и во други простори.
Со своите уникатни дела и пораки со различна тематика, уметниците што ја практикуваат оваа уметност ги разубавија и трансформираа зградите, привлекувајќи го вниманието и на странските туристи, како и на домашните посетители на Тирана.
Со своите шарени изведби и различни теми, уметници од различни возрасти ги трансформираа фасадите на дел од старите објекти во Тирана, давајќи ѝ на престолнината поинаков имиџ во многу нејзини делови.
- Муралите во фокус имаат актуелни теми -
При обиколка на речиси сите населби во Тирана може да се забележат ѕидовите на станбените згради, дел од нив се изградени уште за време на комунизмот, кои ги „замениле“ своите вообичаени бои со мурали.
Преку можноста да ја практикуваат својата уметност и јавно да ги претстават своите дела, албански, но и странски уметници што ја избрале Албанија за ваков вид уметничко изразување, во своите дела прикажале албански писатели, фудбалери како ѕвездата Лионел Меси, албански историски личности и други познати ликови, како и различни симболи.
Муралите се поврзани со актуелни теми и различни општествени појави, како што се читањето, семејството, животната средина, спортот и други.
За муралите се организираат и фестивали и други настани посветени на овој вид уметност, а институциите, особено Општина Тирана, имаат цел да ја поддржат оваа уметност за промоција на главниот град како модерна метропола.
Последниве години и уметници од различни земји станаа дел од муралните слики на улиците на Тирана, оставајќи свои уметнички траги во престолнината на Албанија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
