култура и уметност

Рим, престолнина на античкото наследство, една од најпосетуваните дестинации во светот

Градот е дом на некои од најпознатите светски знаменитости – Колосеумот, Пантеонот и фонтаната Треви, кои секоја година привлекуваат милиони посетители

Aida Cako  | 24.10.2025 - Обновена : 24.10.2025
Рим, престолнина на античкото наследство, една од најпосетуваните дестинации во светот Фото: Aytuğ Can Sencar/AA

СКОПЈЕ (АА) - Градот на вечната историја, Рим, останува една од најпосетуваните дестинации во светот, каде што се преплетуваат духот на античките споменици и современиот живот, јавува Анадолу.

Фоторепортерот на Анадолу направи фотографии на кои може да се види дека улиците на италијанската престолнина се полни со жители и туристи кои се во посета на историските знаменитости што сведочат за цивилизацијата стара над две илјади години.

Со својата уникатна урбана структура која го спојува античкото, барокното и модерното, Рим претставува жив музеј на отворено.

Градот е дом на некои од најпознатите светски знаменитости – Колосеумот, Пантеонот и фонтаната Треви, кои секоја година привлекуваат милиони посетители.

Неговите тесни калдрмисани улички ја задржуваат автентичноста на минатото, додека археолошките локалитети, како и барокните и ренесансни плоштади и цркви, го нагласуваат богатото културно наследство на италијанската престолнина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.