Hatice Özdemir Tosun
20 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Познатиот британски режисер Гај Ричи ќе го снима својот нов филм во познатиот град на турската ривиера Анталија, соопшти филмското студио, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ричи, кој ги сними речиси сите сцени од неговиот филм „Операција Фортуна“ („Operation Fortune“) (премиера во јануари) со Џејсон Статам, Хју Грант и Обри Плаза во Анталија пред две години, повторно го избра турското одморалиште за продолжение на филмот „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).
Снимањето на вториот филм на Ричи во Анталија, наводно, главно ќе се одвива во градскиот Ботанички парк, кој беше домаќин на успешниот „Ботаник Експо“ во 2016 година.
Снимањето ќе се одвива и во неколку други делови на живописниот град, меѓу кои и Демре, Муратпаша и Манавгат.
Подготовките за снимањето, што треба да започне во јануари и да трае до април, се во тек.
Главните улоги ги имаат британскиот актер Хенри Кавил – познат по улогата на Супермен – и мексиканската актерка и пејачка Еиза Гонзалес.
Филмот е заснован на книгата на Демиен Луис, „Министерство за неџентлменско војување: Како тајните воини на Черчил ја запалија Европа“.
Јелиз Ѓул Еге, шеф на Фондацијата за промоција на Анталија, за АА изјави дека Анталија е од особена важност за филмската индустрија со нејзината пријатна клима, природа и транспорт и сместувачки капацитети.
„Гај (Ричи) е успешен режисер, работи со многу добри актери и актерки. Фактот што овие имиња дојдоа во Анталија и Туркије, исто така, ги прави силни идните референци“, рече таа и додаде:
„Ѕвездата на Анталија ќе блесне уште посилно бидејќи посакуваниот квалитет на услугата е достапен овде во Анталија.“