култура и уметност

Избрани најдобрите фотографии на АА кои ја одбележаа 2020 година

За „Фотографија на годината“ во три категории, „Вести“, „Живот“ и „Спорт“, направени од страна на фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот, гласаа 394.624 лица

Ekipa  | 01.01.2021 - Обновена : 03.01.2021
Избрани најдобрите фотографии на АА кои ја одбележаа 2020 година

АНКАРА (АА) – Заврши гласањето за фотографиите од настаните што ја одбележаа 2020 година низ објективот на Агенција Анадолија (АА).

За „Фотографија на годината“ во три категории, „Вести“, „Живот“ и „Спорт“, направени од страна на фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот, гласаа 394.624 лица.

На гласањето кое траеше во текот на декември, во категоријата „Вести“ првото место го освои Озкан Билгин, со фотографијата насловена „Лавина во Ван“.

Во категоријата „Живот“ првото место му припадна на Мухамед Саид и неговата фотографија со наслов „Среќата на бебето Мухамед“.

Фотографијата насловена како „Одбојкарско игралиште од гуми“ на Феџри Барлик, го освои првото место во категоријата „Спорт“.

„Лавина во Ван“ го уловува моментот кога еден војник го зема елекот на еден негов пријател војник кој остана под лавините во областа Бахчесарај во Ван. Војникот во тој момент не може да ги контролира солзите.

„Среќата на бебето Мухамед“ го покажува моментот кога 15-месечното бебе Мухамед родено без нозе и раце се враќа во Идлиб, откако во Турција, со инструкции на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, му се става протеза нога.

На фотографијата со наслов „Одбојкарско игралиште од гуми“ се гледа како група деца од Сирт играат на одбојкарското игралиште, кое е направено од автомобилски гуми.

Резултатите од гласањето се достапни на турски и англиски јазик на „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.