култура и уметност

21. Интернационален турски филмски фестивал ќе започне на 20 јуни

Пријавувањето на продукциите, вклучувајќи краткометражни и долгометражни филмови и документарни филмови, ќе биде помеѓу 15 јануари и 15 февруари

Ahmet Gençtürk  | 12.01.2021 - Обновена : 13.01.2021
21. Интернационален турски филмски фестивал ќе започне на 20 јуни

ИСТАНБУЛ (АА) - 21-от Меѓународен турски филмски фестивал во Франкфурт, Германија, ќе започне на 20 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пријавувањето на продукциите, вклучувајќи краткометражни и долгометражни филмови и документарни филмови, ќе трае помеѓу 15 јануари и 15 февруари. Тие потоа ќе бидат проследени до турското и германското жири на 1 март, односно на 15 март.

Наградите за 2020 година, што не можеа да бидат распределени поради ограничувањата за коронавирусот, ќе бидат доделени на добитниците на 22 јуни. Наградите за 2021 година ќе бидат врачени на завршната церемонија на 25 јуни.

Турскиот филмски фестивал во Франкфурт е основан во 2004 година од страна на аташето за култура при турското Министерство за култура и туризам во Франкфурт, во соработка со Турскиот филмски фестивал и Здружението за меѓукултурен трансфер.

Фестивалот има за цел да го промовира економското и културното споделување помеѓу турските и германските општества преку кинематографијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.