Dilara Hamit
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ИГДИР (АА) - Рачно изработени килими ткаени од жени во турската источна област Игдир ги украсуваат домовите во Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкиот проект на турската Агенција за вработување и Универзитетот „Игдир“, турските килими се извезени во Јапонија од жени кои се нови во оваа професија.
Џавит Полат, продеканот на Факултетот за ликовни уметности за АА изјави дека килимите се специјално ткаени, согласно големината на домовите во Јапонија.
„Јапонскиот народ обично живее во помали домови, па за оваа цел, во нашите работилници се ткаени килими со помали димензии“, изјави тој.
Додаде дека големината на килимите е околу еден до два квадратни метри и дека на нив се ткаени турски цветни мотиви.
Мелахат Телери, раководителката на Одделот за ракотворби, изјави дека курсевите за ткаење килими за домаќинки траат веќе два месеци.
Телери рече дека проектот ги отворил странските пазари за локалните занаетчии.
Хатиџе Менгу, инструктор, рече дека теписите украсени во стилот на Мамлуците биле инспирирани од мотиви користени во периодот на Селџуците.
Таа изјави дека овие килими од Мамлуците порано биле закачувани на ѕидовите како декорација.