Dilara Hamit
16 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Денеска започна гласањето за фотографии на годината на фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) забележани во 2022 година.
Ќе се гласа за 85 највпечатливи фотографии направени од фоторепортерите и репортерите на Агенција Анадолија. Фотографиите од моментите што ја одбележаа 2022 година вклучуваат разни теми како што се војната, политиката, спортот и актуелните настани кои оставија значително влијание врз Туркије и светската агенда, и често се користат во значајни меѓународни медиуми.
Оваа година, „Животна средина и живот“ беше додадена како трета категорија на годишното гласање што се одржува во категориите „Вести“ и „Спорт“. Категоријата „Животна средина и живот“ е нова иницијатива на Агенција Анадолија во последните години за зголемување на еколошката свест.
Во овој контекст, во категоријата „Животна средина“ ќе се натпреваруваат 37 фотографии, 22 фотографии во категоријата „Вести“ и 26 фотографии во категоријата „Спорт“.
Овие фотографии беа избрани од уредниците на фотографии на Aгенција Анадолија од повеќе од еден милион објавени фотографии од различни делови на светот, вклучувајќи ги Туркије, САД, Кина, Индија, Шкотска и Арктичкиот Океан, како и од Авганистан, Гватемала и Украина. Меѓународниот пристап ќе биде овозможен и со англиски и со турски преводи.
Учесниците во процесот на гласање можат да изберат најмалку една фотографија за категориите „Вести“, „Спорт“ и „Животна средина и живот“.
Со користење на кампањата на турското Министерство за земјоделство и шумарство, Генералната дирекција за шумарство, учесниците можат да донираат и садници со користење на линкот објавен на страницата.
Секоја година во гласањето за Фотографии на годината, на кое Aгенција Анадолија за првпат беше домаќин во 2012 година, учествуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министри, пратеници, спортисти и уметници. Минатата година за најдобрите фотографии гласаа 312.136 луѓе.
Оваа година гласањето трае до 16 јануари 2023 година до 17:00 часот по локално време, а ќе може да се гласа на интернет страницата photosoftheyear.aa.com.tr