Furkan Abdula
13 Декември 2022•Ажурирај: 14 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје синоќа се одржа трибина на тема „Турските ТВ-серии на Балканот“, известува Агенција Анадолија (АА).
На трибината, организирана од страна на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје (ИЈЕ), присуствуваа потпретседателот на ИЈЕ, Ахмет Наим Чичеклер, главниот актер во серијата на „Балканска приспивна песна“ Ердал Озјагџилар и дел од екипата на ТВ-серијата, претставници на турски институции и организации во земјата, политичари и љубители на филмската уметност.
Потпретседателот на ИЈЕ Чичеклер во изјавата за медиумите истакнувајќи дека Институтот „Јунус Емре“ – Скопје ја промовира турската култура и турскиот јазик низ целиот свет, нагласи дека една од најважните цели на ИЈЕ е да го зголеми бројот на луѓе кои пријателски се настроени кон Турција.
Информирајќи дека спроведуваат над илјада културно-уметнички активности годишно, Чичеклер истакна: „Денес решивме во Скопје да ја одржиме првата од серијата активности поврзани со турските ТВ-серии. Заедно сме со екипата на серијата „Балканска приспивна песна“. Ние сме втора земја во светот според бројката на извезени ТВ-серии. Овие ТВ-серии имаат важен придонес во пренесувањето на турскиот јазик и турската култура во светот“.

„Една од најважните причини зошто луѓето го учат турскиот јазик е нивната воодушевеност од ТВ-сериите…“, рече Чичеклер и подвлече дека е уверен дека Туркије во рамките на визијата 2023 ќе направи многу поважни работи на културно поле, особено во врска со учењето на турскиот јазик.
Од друга страна, актерот Озјагџилар во во своето обраќање на трибината изјави дека причината што го натерала да ги засака балканските простори е серијата „Збогум Румелија“ и дека со „Збогум Румелија“ ги отвориле дневниците на балканските луѓе.
Велејќи дека додека се снимала серијата во Северна Македонија, го видел квалитетот на спојот на различните култури во градот Битола, каде се спроведувало снимањето, Озјагџилар истакна: „Многу ме импресионираше комуникација што постоеше во општеството во кое има заедници со различни култури. Многу влијаеше на мене. На пример таму, особено во Битола имаше Албанци. Добивме голема поддршка од Албанците. Сцените од џамијата ги снимавме во албанска џамија. Имамот доаѓаше кај нас, ни ја отвораше џамијата“.
Изјавувајќи дека Отоманската империја изградила убава културна структура, и од аспект на демократијата и со оддавање почит кон религијата на секоја единка, дозволувајќи му на секој слободно да ја живее својата религија, Озјагџилар рече: „Знаете, Османлиската култура тука е присатна 650 години. На пример, ми велеа: јас сум Османлиски Македонец, јас сум Османлиски Турчин, јас сум Османлиски Албанец. Така велеа. Многу умно постапиле Османлиите“.

Осврнувајќи се на ТВ-серијата „Зет домазет“ (Yabancı Damat), во која е дел од актерската екипа (снимена во периодот 2004-2007), Озјагџилар го рече следното: „Еден грчки историчар во својот весник напиша: „Јас сум непријател на Турците, но, откако ја гледав серијата „Зет домазет“, забележав дека човечките односи, семејните односи, обичаите и традициите во „Зет домазет“ се толку слични на нашиот грчки народ што, и да немам многу симпатии, сепак е многу успешна продукција. Бев многу среќен што се прикажуваше и во Грција“.
Зборувајќи дека филмовите и ТВ сериите одлично ги прикажуваат меѓукултурните прашања, Озјагџилар, истакна дека бил многу среќен што му било понудено да глуми во „Балканска приспивна песна“ и додаде:
„Тоа е географија што многу ја сакам. Има човечки релации кои многу ги сакам. Ми понудија улога во „Балканска приспивна песна“. Ми рекоа, 'ќе играш ќебапчија батко'. Колку е убаво, ќебапите на Сулејман. Дојдовме тука, глумиме. Добиваме и добри реакции. Нашето место на рејтинг скалата во Туркије не е многу добро, но не го сфаќам тоа многу сериозно. Не го сфаќам многу сериозно од следната причина. Има серии, на сите нас познати љубовно-романтични серии, а некои серии се наменски. Ние тука сме културен амбасадор. Многу е сакан на балканската географија. Многу е популарна. Впрочем, ние серијата ја направивме за овие простори.“
На трибината чиј модератор беше Серхат Кула, директорот на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, покрај Озјагџилар, свое обраќање имаа режисерот на серијата „Балканска приспивна песна“ Селахатин Санџакли, продуцентот и сценарист Угур Узунок и актерката од серијата Селвије Инџи.
Во рамките на трибината беше прикажано и видео за Ердал Озјагџилар и ТВ-сериите во кои глумел.