култура и уметност

Газа: На урнатините, изложба на фотографии од деца убиени во израелските напади

Поставени се фотографии од деца, играчки, кукли, макети од израелските воени авиони што го нападнаа Појасот Газа и клучеви во врати, што го симболизира правото на Палестинците за враќање во сопствената земја

Nour Mahd Ali Abu Aisha, Ali Semerci  | 20.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
Газа: На урнатините, изложба на фотографии од деца убиени во израелските напади ( Foto: Ashraf Amra / Anadolu Agency )

ГАЗА 

Изложба на фотографии од деца кои се убиени во текот на последните израелски напади, организирана е во градот Кан Јунус на југот од Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Изложбата е поставена на урнатините од куќата на семејството Ес-Сека, што е уништена во израелските напади.

Поставени се фотографии од деца, играчки, кукли, макети од израелските воени авиони што го нападнаа Појасот Газа и клучеви во врати, што го симболизира правото на Палестинците за враќање во сопствената земја.

Изложбата ја посети 13-годишната Суха ал Астал, која рече дека дошла да ги разоткрие израелските злосторства врз невините деца. Многу се плашела за време на израелските напади врз Газа. Како што рече, мислела дека ќе почине како другите деца.

Истакнува дека се надева оти нападите нема да се повторат и дека ќе живеат сигурно.

Потпретседателот на здружението што ја организираше изложбата, Јусуф Бенат, изјави дека невини деца загинаа во нападите на Израел врз Газа и изрази солидарност со нивните семејства.

Берат напомена дека изложбата ја организирале на урнатините од четирикатна зграда што е уништена во израелските напади и во која живееле околу 70 луѓе. Тој ја повика меѓународната заедница да застане со палестинскиот народ и да ги запре злосторствата врз децата.

Во израелските напади врз Газа, кон крајот на мај оваа година, загинаа 254 Палестинци, меѓу кои 66 деца и 39 жени, а ранети се 1.948 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın