Mustafa Bikeç
12 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
БУРСА (АА) – Во Бурса, Република Турција, се одржува 33. Меѓународен натпревар за народни игри, во организација на Фондацијата за култура, уметност и туризам во Бурса, а меѓу учесниците е и културно-уметничкото друштво Илинден од Битола, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на настанот, вчера ансамблите од 9 земји, во отворениот театар „Kültürpark“ (Културен парк) ги изведоа своите народни игри.
На фестивалот вчера настапија ансамбли од следните земји: Северна Македонија, Косово, Сенегал, Кина, Аргентина, Бангладеш, Узбекистан,Туркменистан и Венецуела.
Инаку, на 33. Меѓународен натпревар учествуваат ансамбли од вкупно 24 земји.
Активноста ќе заврши денес, на 12 јули.