Ali Murat Alhas
17 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Борбата против расизмот во САД започната од двајца турски браќа, кои основаа голема издавачка куќа, е на пат да стане долгометражен документарен филм, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмет Ертеѓун и неговиот брат Несухи во 1947 година ја основаа издавачката куќа „Atlantic Records“ и играа голема улога во растот на големите пејачи и групи, вклучувајќи ги Реј Чарлс, Арета Френклин, Мајлс Дејвис, „Ролинг Стоунс“ и „Лед Зепелин“.
Документарецот кој е наречен „Султани на џезот“ (Sultans of Jazz) ќе ги однесе гледачите на патување низ историјата на џез-музиката, со специјален фокус на тоа како браќата Ертеѓун му се спротивставиле на расизмот во САД, со тоа што во периодот на триесеттите и четириесеттите години, кога и се појави расизмот, ги повикале африканско-американските џез-изведувачи во турската Амбасада во Вашинтон.
Во тоа време кога на црномурестите луѓе на неколку места не им беше дозволено да седат до луѓето од бела раса, турската Амбасада ги разби тие предрасуди и ги отвори своите врати за овие музичари.
Музичарите правеа проби во Амбасадата и организираа ноќи со џез-музика. Меѓу тие познати музичари спаѓаат и пијанистот Мид ‘Лукс’ Луис, блуз-гигантот Ледбели и групите Каунт Бејзи и Дјук Елингтон.
Документарецот „Султани на џезот“ треба да биде завршен до есен и се очекува да биде прикажан на меѓународните филмски фестивали. Снимањето на документарецот беше направено во Вашинтон, Њујорк, Њу Орлеанс и Истанбул.