Alma Çekovic
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
ЛОНДОН (АА) - Три месеци по премиерата на филмското отворање, „Одмаздници: Крај на играта“ („Avengers: Endgame“) стана филм со најголема заработка на глобалниот пазар, симнувајќи го од тронот „Аватар“, кој таа позиција ја држеше речиси десет години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филмското студио „Марвел“ објави дека „Одмаздници: Крај на играта“ („Avengers: Endgame“) ја надминал заработката од 2,79 милијарди американски долари и така станал најисплатливото филмско остварување на сите времиња.
„Аватар“, научната фантастика на Џејмс Камерон, е филм со најголема заработка уште од 2009 година, кога во своето вкупно траење успеа да заработи 2,78 милијарди долари.
„Би-би-си“ пишува дека во Велика Британија „Одмаздници: Крај на играта“ („Avengers: Endgame“) е петти по заработка на листата на филмови по филмовите „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ („Star Wars: The Force Awakens“), „Скајфол“ („Skyfall“), „Спектра“ („Spectre“) и „Аватар“ („Avatar“).
Инаку „Титаник“, уште еден филм режиран од Џејмс Камерон, ја држеше првата позиција дури 12 години пред да се појави „Аватар“ во кината.