Bekim Laci
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми, денеска ги презентираше процесите и ситуацијата во областа на културата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Адеми, на првата прес-конферанција која ја одржа откако дојде на оваа функција, рече дека во изминатиот период имал контакти и средби со сите вработени на оваа институција, но и со директорите на институциите од областа на културата.
Адеми нагласи дека во делот на инвестиции повеќе реализирале санација, реконструкција и прилагодување на голем број постоечки објекти од национален карактер ширум земјата, и додаде дека износот на капитални инвестиции за 2018 година е над 927 милиони денари, со норма на реализација од 42 отсто.
„Во однос на нормативно-правниот аспект, авторските права и поврзани права, започнати се законски измени додека ќе завршат и бројни приоритетни проекти кои произлегуваат од Националната стратегија за развој на културата 2018-2022. За тоа, се работи за колективниот договор во културата, во нацрт-законот од јавен интерес за култура, измена на законот за авторско право и поврзани права како за измена на законот за заштита на културното наследство“, рече Адеми, и нагласи дека интензивно работат за децентрализацијата во културата како дел од стратегијата 2018-2022.
Адеми истакна дека во меѓународниот план развивале низа активности со партнери од регионот и пошироко, и укажа на основањето на Координативниот центар за соработка со земјите од Централна и Источна Европа, и со Народна Република Кина.
Министерот Адеми укажа на пет капитални проекти од претходната влада во врска со книгата, од кои за четири е доставена потребната документација, и тоа за 83 книги, но од март 2017 година, Министерството не прифатило ниту една книга.
„Причината е во фактот дека Министерството поседува 770.000 објавени наслови од капиталните проекти од страна на претходната влада. Дел од нив се наоѓаат во подрумот на Министерството но и во подрумите и други додатни објекти на петте национални културни институции“, додаде Адеми кој решението го гледа кај доделувањето на објавените копии.
Адеми се осврна и на заштита на статусот на Охридскиот регион во согласност со препораките на центарот на УНЕСКО, и говореше за ревизијата на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и подготовка за ревизијата на акциониот план.
Што се однесува до рестварирањето на минарето на Али пашината џамија во Охрид, за што претходно работна група на Министерството предложи ова министерство да поднесе барање до УНЕСКО за да се добие стручно мислење, дали реконструкцијата на објектот со такви димензии е во согласност со стандардите за заштита на градот, Адеми рече дека ниту еден објект финансиран од страна на институцијата на чие чело се наоѓа тој самиот, не смее да биде објект за подигнување тензии на односите меѓу заедниците.
Тој нагласи дека во оваа насока не разговарал со УНЕСКО, туку само со директорката на Дирекцијата за заштита на културното наследство и со верските лидери, и на тој начин решението да се бара во овој дух.