култура и уметност

Изведена монодрамата „Дали сум заборавен" посветена на жртвите од Сребреница

Монодрамата е посветена на младо момче кое страдаше во геноцидот во Сребреница во 1995 година, а претставува своевидна парадигма на страдањата на сите Бошњаци во текот на агресијата на БиХ од 1992-1995 година.

Admir Fazlagic  | 07.07.2018 - Обновена : 09.07.2018
Изведена монодрамата „Дали сум заборавен" посветена на жртвите од Сребреница (Foto: Admir Fazlagic/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје беше изведена монодрамата „Дали сум заборавен" (Jesam li zaboravljen) која ја изведе аматерска група актери „Џенетски птици" од Травник, Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Anadolu Agency (AA).

Монодрамата е посветена на младо момче кое страдаше во геноцидот во Сребреница во 1995 година, а претставува своевидна парадигма на страдањата на сите Бошњаци во текот на агресијата на БиХ од 1992 до 1995 година.

Сребреница е големо предупредување и она што е важно ние да знаеме е дека животот на овој свет има свој почеток и свој крај, како и дека ние треба да земеме порака ова да биде предупредување. Ние не вршевме геноциди, злосторнички здружувања и треба да бидеме горди што никогаш не бевме одмаздољубиви. Сребреница нѐ опоменува дека и ние Бошњаците, треба повеќе да се сакаме, меѓусебно да се помагаме и да бидеме поддршка едни на други, но и да се потрудиме да израснеме младина која својот живот нема да го темели на омраза туку на љубов", истакна пред присутната публика во Скопје, Аљо Цикотиќ, имам на џематот Калибунар во Травник, во чии рамки делува аматерската актерска група и хор „Џенетски птици".

Тој потсети дека оваа монодрама претходно беше претставена во Сребреница и другите градови ширум БиХ, но и во Санџак, Црна Гора, а вечерва и во Скопје.

Џевад Хот од Бошњачката културна заедница (БКЗ) во Република Македонија рече дека годинава бошњачките културни организации во Македонија одлучиле заеднички да организираат Денови на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Тој информираше дека е формирано едно заедничко координативно тело, составено од бројни бошњачки општествени, политички и културни организации, со цел да ги повикаат Бошњаците во Македонија, но и пошироко да се присетат на овој немил настан, а вечерашната монодрама, како што рече тој, е дел од таа програма.

„Монодрамата е поврзана за настаните во Сребреница, за тоа како една млада личност го преживеала сето тоа, сите случувања во Сребреница, но не само тој, туку и сите 8. 732 жртви, само поради тоа што биле Бошњаци", истакна Хот.

Тој упати повик до Бошњаците, но и сите граѓани, без оглед на етничката, верската или било која друга припадност да се присетат на 11 јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, со цел да се испрати пораката никогаш, никаде и никому да не му се случи тоа што им се случи на Бошњаците од Сребреница во 1995 година.

Имено, на 10.07.2018 година, во вторник, во вечерните часови ќе се организира патување од Скопје за Меморијалниот центар Поточари, во Сребреница, а за 11 јули, среда, во попладневите часови, предвидено е да се одржи Марш на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.