Kübra Chohan
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на светската турнеја „El Dorado“, колумбијската поп-ѕвезда Шакира синоќа одржа спектакуларен концерт на истанбулскиот стадион „Водафон Парк“ (Vodafone Park), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа турнеја ѝ е шеста светска во нејзината кариера, а публиката во Истанбул уживаше во двочасовниот перформанс кој е замислен како промоција на нејзиниот последен албум „El Dorado“.

Пред исполнетиот стадион на европскиот брег на Босфор, Шакира предизвика ерупција на емоции со старите хитови „La La La“, „Waka Waka“ и „Whenever, Wherever“.
Шакира светскaта турнеја ја започна со концертот во германскиот град Хамбург, на почетокот на ноември, минатата година, а последната, односно 30. дестинација на оваа турнеја во ноември оваа година, ќе биде главниот колумбијски град Богота.