КИЕВ (АА) – Во тековниот конфликт меѓу проруските сепаратисти и украинската армија во Донбас, животот досега го загубија 10 илјади лица, 23 илјади се повредени, а еден милион и 800 илјади се иселија, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека судирите продолжуваат, одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, од страна на Русија да бидат признаени документите како што се пасош, извод на родените и извод на умрените, за жителите кои живеат во регионот што е под контрола на сепаратистите, отвори пат кон расправии за тоа дали Донбас е новиот Крим.

Продолжува кризата што започна во Киев, главниот град на Украина, во 2013 година, која се префрли на истокот од државата во февруари 2014 година. И покрај напорите за решение од страна на цел свет, кризата што е во тек започна во 2013 година, откако тогашниот претседател Виктор Јанукович одби да го потпише партнерскиот договор со ЕУ. На плоштадот „Независност“ се собраа оние што протестираа против одлуката, а демонстрациите наскоро се префрлија во источниот дел од државата.
По хаотичната атмосфера којашто настана на целата територија на државата по бегството на Јанукович во Русија, за кратко време дојде до реакции и на истокот. Дел од народот во западниот дел на Украина, кој поради етнички и историски причини го користи рускиот јазик како мајчин, се спротистави на прозападните демонстрации во Киев. Уривањето на проруската власт на Јанукович не беше позитивно прифатено во Донецк, Луханск, Харков и во Одеса, каде што населението е со руско етничко потекло.
Проруските воени групи започнаа со акција по напуштањето на Јанукович на државата во февруари 2014 година. За кратко време, некои региони околу руската граница на југоисточниот дел од Украина излегоа од контролата на Киев.
Вооружените групи од Донбас, кои ја следеа тактиката на сепаратистите од Крим, во сенката на оружјето и со изговор дека организираат референдум, формираа две т.н. раководства на „Народна Република Доњецк“ и „Народна Република Луханск“. На овој начин, 410-километарската граница на Украина со Русија премина под контрола на сепаратистичките вооружени групи.
Брзото зајакнување на вооружените групи во регионот на Донбас фрли сомнеж кон раководството во Москва. Русите тврдеа дека не ги поддржуваат сепаратистите. Украинската разузнавачка служба, пак, и покрај негирањата од Русија, тврди дека во Донбас има околу 6 – 9 илјади руски војници.
Градовите Доњецк и Луханск, кои се наоѓаат на границата со Русија, се сметаат за важни индустриски центри, од каде што се храни Украина. Донбас е важен за Русија поради рудниците за јаглен, кој се користи во термоцентралите на државата, како и поради металуршките фабрики.
- Тврдења дека се користи слабоста во способноста за војување на армијата
Како основни причини за намалувањето на капацитетот за војување на армијата се смета ослабувањето на армијата по распадот на Советскиот Сојуз, како и активното преземање на должност во армијата од страна на офицери со руско потекло. Се тврди дека Русите, кои се свесни за ваквата слабост, неа ја користат за контролирање на територијата во источниот дел на Украина, како што е случајот со Крим.
Сепаратистите беа поддржани со руски тенкови и тешко оружје, а добиваа и обуки од руски воени експерти, што беше причина за лесно преземање на доминацијата во регионот.
Поради тоа што украинската Влада не успеа за кратко време да ги заврши потребните активности кога започна кризата, задоцни интервенцијата на украинската армија во регионот.
Двете страни доживеаја сериозни загуби во тековните судири меѓу украинската армија и вооружените сепаратистички групи.
Според податоците на ОН, досега околу 10 илјади лица цивили, војници и сепаратисти го загубија својот живот, 23 илјади се повредени, а еден милион и 800 илјади се иселени.
- Раст во вооружувањето на сепаратистите
Фактот што украинско – руската граница е под контрола на сепаратистите е една од причините што ги прави Русите влијателни во регионот. Границата на Украина со Русија во регионот сѐ уште е надвор од контролата на Киев. Според официјални извори на Украина, Русија продолжува да пренесува војници, оружје и муниција кон регионот контролиран од сепаратистите.
Според официјалните украински извори, кои посочуваат дека Русите ги снабдуваат со оружје сепаратистите од регионот, од почетокот на судирите во Донбас во 2014 година досега, бројот на оклопните воени возила се зголеми од 124 на 1.260, бројот на тенковите од 30 на 600, бројот на топовски и ракетни системи од 110 на 1.060, а бројот на противавионското оружје од 50 на 470. Според истите извори, Русија на украинската граница распредели воена единица од околу 50.000 војници.
Руската поддршка во регионот уште повеќе стана тема на расправии откако на 17. јули, во регионот на Донецк кој е под контрола на сепаратистите, со руска ракета беше урнат патничкиот авион на „Малезија ејрвејс“ со број на лет МХ17, на линијата Амстердам – Куала Лумпур.
Минскиот договор, кој беше склучен во Донбас со цел да се воспостави ред, не беше доволен за да се постигне прекин на огнот. Страните меѓусебно се обвинуваат во врска со спроведувањето на договорот.
- Коментарот „Путин премина од план А на план Б“
Кружат коментари дека Русија се подготвува да направи нов Крим од регионот Донбас.
Потпишувањето на декретот од страна на рускиот претседател Путин минатиот викенд, кој налага прифаќање на личните документи како што се пасош, извод на родените и извод на умрените, кои им припаѓаат на сепаратистите од регионот на Донбас, се оценува како почеток на „нов план“ во врска со регионот. Се тврди дека со овој декрет се покажува оти Путин не ја крие поддршката кон сепаратистите.
Руската политичарка Наталија Гулевскаја во својата колумна во „Обозревател“ вели дека планот А на Путин за Донбас е неуспешен и оти со потпишувањето на декретот, тој преминал на планот Б. Таа исто така вели дека очекувањата од Трамп се фијаско, и додаде дека Западот по Минхенската безбедносна конференција прави притисок врз Кремљ да ги напушти старите тајни воени тактики.
„Нема веќе потреба од криење и лаги. Веќе стана доволно да му се даде пасош од Народна Република Доњецк и Народна Република Луханск на секој што сака да се бори ’за рускиот свет’. Може без страв да се започне со напади врз Киев“, вели таа во својот текст.
Според неа, оваа одлука на Русија ќе предизвика засилување на судирите и ќе им даде нова форма на хибридните војни.