култура и уметност

Британскиот музеј ќе отвори нова галерија за исламска култура

Галеријата на екран ќе прикажува многу предмети од турската култура, вклучувајќи ја и турската традиција на театарот со сенки, наречена Караѓоз

Ahmet Gürhan Kartal  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Британскиот музеј ќе отвори нова галерија за исламска култура Ahmet Gürhan Kartal/AA

London

ЛОНДОН (АА) - Во Британскиот музеј, кој е еден од најголемите и најпознати музеи во светот, во октомври за посетителите ќе биде отворена галерија за исламската култура, во која ќе се наоѓаат некои од најневеројатните богатства од османлискиот период, јавува Anadolu Agency (AA).

На голем екран, во галеријата за исламскиот свет на Фондацијата „Албухари“ (Albukhary) ќе бидe изложена исламска колекција од светска класа, која ќе вклучува турски уметнички дела од османлискиот период, како и големата исламска географија.

„Новата галерија ќе биде сеопфатна презентација на исламскиот свет преку уметничка и материјална култура“, се вели во соопштението на Британскиот музеј, издадено за медиумите.

Таа ќе ги нагласи глобалните врски низ огромниот регион на светот од Западна Африка до Југоисточна Азија и ќе ги рефлектира врските помеѓу античкиот и средновековниот, како и врските со современиот свет.

„Новата галерија ќе има две соби, кои ќе ја раскажуваат приказната за културите на исламскиот свет од регион кој се протега од Западна Африка до Југоисточна Азија од 7 век до денешен ден“, изјави за АА раководителот на Британскиот музеј, Венета Портер.

Создавањето на галеријата на Фондацијата „Албухари“ ќе обезбеди извонредна можност за прикажување на работи од секојдневниот живот, како што се модерните игри и музичките инструменти.

Колекцијата вклучува археологија, декоративни дела, куклен театар со сенки, книги на уметност, текстил и современа уметност.

„Знаеме колку е важна традицијата на Караѓоз (општото име на турската традиција на куклен театар со сенки) во Турција денес, но има и многу долга традиција“, рече Портер.

Портер нагласи дека Музејот има голема среќа што ќе го вклучи куклениот театар со сенки на еден од најистакнатите куклари во Турција, Метин Озлен.

Нагласувајќи дека во новата галерија ќе бидат претставени многу други примери за османлиската култура, Портер рече дека џамиската лампа од османлискиот период направена во Изник и османлиското знаме од периодот на Селим III (1761 - 1808) ќе бидат меѓу предметите кои се наоѓаат во галеријата.

Галеријата, исто така ќе вклучува и други предмети од богатата османлиска култура, вклучувајќи и пар дрвени клопми за во бања, украсени со бисери, многу примери на керамика од Изник и облека поврзана со султанот Селим III.

„Исламот игра значајна улога во верата, политичкиот систем и во културата на големите цивилизации“, се вели во соопштението на Британскиот музеј, во кое се додава дека ќе има предмети кои ќе даваат преглед на културната размена во областа која се протега од Нигерија до Индонезија и од 7 век до денешен ден.

Новата колекција ќе вклучува и прекрасни илустрирани страници од 14 век од една од најпознатите уснени традиции - персискиот еп „Шахнама“ („Книга на кралевите“), кој ќе биде прикажан заедно со монументалните листови на индискиот могулски владетел Џелалудин Мухамед Акбар од 16 век, „Авантурите на Хамза“.

„Галеријата за исламскиот свет на Фондацијата „Албухари“ своите врати за јавноста ќе ги отвори на 18 октомври 2018 година“, се соопштува од Музејот.

Фондацијата „Албухари“ е невладина организација со седиште во Малезија и има меѓународно присуство. Во изминатите 40 години, таа, преку образованието и културното наследство, промовира добра волја во разни земји низ светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.