култура и уметност

БиХ: отворена изложба која ја докажува блискоста на Сараево и Скопје

Преку изложбата, која е поставена во Етнолошкото одделение на Земаљскиот музеј на БиХ, ќе бидат поставени 110 предмети од археолошките истражувања на Скопското кале во 1967 година.

Dejan Maksimoviç  | 22.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
БиХ: отворена изложба која ја докажува блискоста на Сараево и Скопје (Foto: Mustafa Öztürk/ AA)

Sarajevo

САРАЕВО (AA) - Во рамките на одбележувањето на 130. годишнина од постоењето на Земаљскиот музеј на БиХ денеска е отворена изложбата „Скопско кале - симбол на градот“, јавува Anadolu Agency (AA).

Според зборовите на Фросина Зафировска, вршител на должноста директор на Музејот на Град Скопје, се работи за изложба која без оглед на географската оддалеченост ја докажува блискоста на двата града.

Преку изложбата, која е поставена во Етнолошкото одделение на Земаљскиот музеј на БиХ, ќе бидат поставени 110 предмети од археолошките истражувања на Скопското кале 1967 година, кои беа спроведени по големите оштетувања предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи четири години порано.

Зафировска истакна дека е искучително среќна поради неодамнешното збратимување на Сараево и Скопје, што придонесе Музејот на Град Скопје по подолго време да биде присутен во Земаљскиот музеј на БиХ. Додаде дека изложбата е интересна затоа што е резултат на истражувања на пионерите во археологијата во Македонија.

„Тие истражувања се многу важни затоа што дадоа многу артефакти, сведоштва за историјата, културата, економијата и градот Скопје и поради тоа што ги направи првата генерација македонски археолози и историчари на уметност. Авторите на изложбата од Музејот на Град Скопје направија избор од 110 најрепрезентативни предмети, кои можеа да бидат донесени во Сараево, за да покажат еден дел од историјата на Скопје и дел од значителните археолошки истражувања. Но, и преку тоа да докажеме дека, во километри сме можеби далеку, но и понатаму сме блиски. Така што ова ни претставува големо задоволство, посебно затоа што нашите гланови се Земаљскиот музеј да гостува во Музејот на Град Скопје“, рече Зафировска.

Мирсад Сијариќ, директор на Земаљскиот музеј на БиХ рече дека успеале да обезбедат каталог на изложбата и дека се работи за второ гостување на Скопје во краток период.

„Задоволство ни е да угостиме конкретни изложби, кои се занимаваат помеѓу останатите покриви и Земаљскиот музеј на БиХ. Имаме неколку изложби кои со задоволство би ги испратиле, и кои ги испраќаме надвор од границите на БиХ, по повод одбележувањето на 130-годишнината. Ќе видиме, Македонија е многу далеку во техничка смисла за префрлување на предметите. Ја разгледуваме можноста да се претставиме со изложбата „БиХ на фотографиите на Франтишек Топиќ 1894 – 1918“, која е една од нашите репрезентативни изложби, а нема да ни претставува голем финансиски залак“, рече Сијериќ.

Предметите прикажани на изложбата „Скопско кале - симбол на градот“ се од византиска и османлиска провиниенција, а тоа се предмети поврзани за животот на црквата од 12 век. Изложбата е проследена со легенди и паноа со поопширни текстови и фотографии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.