Ahmet Furkan Mercan
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ТОКИО
Во јапонскиот главен град Токио и околината е прогласена вонредна состојба во рамки на борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата на прес-конференција ја потврди премиерот на Јапонија, Суга Јошихиде.
Тој нагласи дека ќе се спроведува вонредна состојба во градот Токио и во префектурите Канагава, Чиба и Саитама, каде што случаите со Ковид-19 се во тренд на зголемување.
Суга рече дека вонредната состојба која ќе стапи во сила утре, ќе трае до 7 февруари.
Јапонскиот премиер упати апел до гувернерите на овие четири јапонски префектури да ги зголемат мерките против пандемијата.