Ali Semerci
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
АДЕН
Јеменската војска соопшти дека шест цивили загинаа, додека седум цивили се повредени во артилерискиот напад на Хусите поддржани од Иран врз населено место во градот Таиз кој се наоѓа во јужниот дел на Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на интернет-страницата на јеменската војска, Хусите синоќа првин со тенкови и оклопни возила го блокирале цивилното населено место во зоната Ел Химје во подрачјето на Ет Тазије во Таиз, а потоа извршиле артилериски гаѓања.
Во овој напад смртно настрадаа шест цивили, од кои две жени, додека повредени се седум жени.
Не се дадени подетални информации во врска со нападот, а исто така, и Хусите сѐ уште не дале изјава околу овој случај.
Хусите од септември 2014 година под контрола го држат јеменскиот главен град Сана и одредени други подрачја.
Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.