Barış Kahraman
26 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Додека некои земји се борат да набават доза повеќе, во Хонгконг скоро две милиони дози од вакцината против коронавирусот на „БајоНТех/Фајзер“ може да завршат во отпад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во специјалниот кинески административен регион Хонгконг, кој има повеќе од доволно дози за своето население, вакцинирани се помалку од 20 отсто од вкупната популација бидејќи граѓаните не сакаат да се вакцинираат, јавува Би-би-си (BBC).
Властите предупредија дека за три месеци ќе истече рокот на речиси две милиони дози на „БајоНТех/Фајзер“ и дека значителен дел од тие дози на крајот ќе завршат во отпад.
Досега вакцинирани се само третина од вработените во здравствениот сектор во Хонгконг.
Се тврди дека причините за непостигнувањето на посакуваното ниво на вакцинирани во регионот се малиот број на заразени и недовербата на граѓаните кон Владата.
Некои локални политичари предложија дозите на кои наскоро им истекува рокот да се извезуваат во земјите на кои им се потребни.