Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Хакери објавија мејл-адреси и шифри кои наводно им припаѓаат на вработените лица во организациите како што се американскиот Национален институт за здравство (NIH), Светската здравствена организација (WHO) и Фондацијата „Гејтс“, а кои се борат против епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американската разузнавачка група SITE, задолжена за следење на екстремистичките интернет-страници, утврди дека во неделата и понеделникот на интернет биле објавени околу 25.000 адреси на електронска пошта со шифри“, објави „Вашингтон пост“.
Уште не е потврдено дали се работи за вистински мејл-адреси и шифри на вработените на организациите Национален институт за здравство (NIH), Светската здравствена организација (WHO) и Фондацијата „Гејтс“, како и на вработените на Институтот за вирусологија „Вухан“, за кој своевремено се појавија тврдења дека е почетна точка на Ковид-19.
Водителката на платформата SITE, Рита Катц, изјави дека од споменатите листи биле задоволни заговорниците на неонацизмот и белата надмоќ, кои агресивно објавуваа податоци во своите подрачја на дејствување.
„Крајните десничари кои се послужија со податоците повикаа на кампања на вознемирување, додека истовремено делеа теории на завера за епидемијата на Ковид-19. Ширењето на наводните електронски пошти е доказ дека се работи за повеќемесечен обид за користење на Ковид-19 како средство за дејствување“, изјави Катц.
Се наведува дека станува збор за 9.938 мејл-адреси кои им припаѓаат на вработените на Националниот институт за здравство (NIH), потоа 6.857 на вработените во американските центри за контрола и превенција на болести (CDC), 5.120 на вработени во Светската банка, 2.731 адреса на вработени во СЗО и помал број адреси на вработените во Фондацијата „Гејтс“.
„Ја следиме ситуацијата во согласност со нашите постапки за сигурност на податоците. Во моментот во нашата фондација нема назнаки за недостаток на податоците“, порачаа од „Гејтс“, додека другите организации сè уште не се огласија.