Islam Doğru
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ЊУЈОРК - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) одзеде 2.701 животи, со што досега вкупно починаа 45.075 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД, новиот епицентар на пандемијата на Ковид-19, и понатаму е земја со најголем број заразени лица и со најголем број смртни случаи во светот.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа во САД се дијагностицирани 37.346 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на новиот тип коронавирус порасна на 825.306.
Во последните 24 часа, од епидемијата починаа 2.701 лице, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 45.075.
По САД, најголем број на лица позитивни на Ковид-19 има во Шпанија, 208.389. Следат Италија со 183.957 и Франција со 159.300.
Се напоменува дека бројот на случаи со Ковид-19 во САД е скоро еднаков на збирот на 5-те земји што доаѓаат по нив.
- Њујорк е епицентар на пандемијата во САД -
Њујорк е една од најпогодените сојузни држави со епидемијата во САД. Бројот на случаи во Њујорк изнесува 258.589, а бројот на починати од е 19.118.
По Њујорк, следат Њу Џерси со 92.387 случаи и Масачусетс со 41.199 случаи.
Во САД, со население од 330 милиони, досега за Ковид-19 се тестирани 4.163.464 лица, а излекувани се 75.673 пациенти.
Низ целата земја од коронавирусот во болниците се лекуваат 120.665 лица.