Ekipa
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ФРАНЦИЈА (АА) - Франција објави дека во земјата евидентирани се над 84.000 нови случаи на Ковид-19, највисоката бројка од април, јавува Агенција Анадолија (АА).
Регистрирани се вкупно 84.272 случаи, што е блиску до 84.999 нови случаи кои се забележани за време на врвот на пролетниот бран во земјата.
Брзиот прогрес на вирусот стана главна грижа за Владата, која ја оцени здравствената ситуација во земјата како критична.
Бројките најверојатно ќе се зголемат во наредните денови, при што здравствените власти предвидуваат дека ќе има 100.000 случаи на ден поради сојот Омикрон.
Зборувајќи на неделната прес-конференција претходно, портпаролот на Владата, Габриел Атал, рече дека темпото на епидемијата веројатно ќе се забрза поради Омикрон, кој ќе стане доминантен за време на Божиќ и Нова година.
Администрацијата на Макрон сепак се двоуми за воведување на дополнителни ограничувања кои би можеле да го попречат комерцијалниот бизнис и да ги расипат божиќните прослави на семејствата.
„Новите ограничувања ќе бидат објавени откако Владата ќе направи увид на здравствената состојба на 27 декември“, рече Атал. Неколку града, вклучително и Париз, ги откажаа главните концерти и огнометите закажани за прославите за крајот на годината.