Dildar Baykan Atalay
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ВАШИНГТОН (АА) – Aмериканскиот претседател Џо Бајден изјави дека доколку неговото здравје е добро, како што е сега, повторно ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за телевизискиот канал „ABC“ на прашањето дали размислува за реизбор одговори: „Јас сум личност која има најголема почит кон судбината. Судбината се манифестираше многупати во мојот живот. Доколку тогаш моето здравје е добро како, што е сега, повторно ќе бидам кандидат“.
На прашањето на водителот Дејвид Моир дали сака повторно да влезе во изборна трка со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Бајден рече: „Зошто да не се натпреварувам против Трамп ако тој повторно се кандидира. Ова ќе ги зголеми очекувањата од изборната трка.“
Белата куќа претходно соопшти дека Бајден, кој во 2024 година ќе има 81 година, има намера повторно да се кандидира за претседател.