Seyit Aydoğan
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ТОРОНТО (АА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека се наоѓа во карантин, откако тестовите за Ковид-19 на неколку негови соработници биле позитивни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трудо на онлајн конференцијата за новинари од својата резиденција изјави дека тројца службеници од неговата канцеларија и тројца чувари се заразени со коронавирусот.
Објаснувајќи дека ги поминал редовните тестови и ги следел протоколите за јавно здравје како што е намалување на контактите колку што е можно, Трудо рече:
„Досега се придржував на советите. Редовно правев брзи тестови. Досегашните резултати беа негативни. Ако имам позитивен резултат на тестот, ќе знаете, ветувам. Со оглед на мојот контакт со персоналот, одам во целосна изолација. Секако, ќе продолжиме да ги следиме инструкциите за јавно здравје“, порача Трудо.