Qais Omar Darwesh Omar,Ekrem Biçeroğlu
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас го прими советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан во Рамала во окупираниот Западен Брег, каде што дискутираа за последните политички случувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За време на состанокот Абас повтори дека Израел мора да стави крај на својата окупација на палестинските територии и да престане со проширување на населбите“, објави палестинската новинска агенција ВАФА.
Абас додаде дека Израел мора да ја почитува Џамијата „Ал Акса“, третото најсвето место во исламот и да го запре иселувањето на Палестинците во населбите на Источен Ерусалим, за што тој потсети дека се противзаконски.
„Израелската политика го поткопува решението за две држави“, изјави Абас, истовремено нагласувајќи ја важноста од зајакнувањето на американско-палестинските односи.
Саливан, од своја страна, ја повтори посветеноста на неговата земја за дводржавното решение.
Саливан оваа недела отпатува во Израел и Палестина, придружуван од Брет Мекгурк, заменик-помошник на претседателот Џо Бајден и координатор за Блискиот Исток и Северна Африка, и вршителот на должноста помошник-секретар на Стејт департментот за блискоисточни прашања, Јаел Лемперт.
Саливан вчера се сретна со израелскиот премиер Нафтали Бенет.