Yusuf Özcan
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 1.696 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жероме Саломон од Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истака дека бројот на лицата кај кои е откриен овој вирус изнесува 3.922, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 29.155 лица.
Саломон информираше дека 3.375 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 4.948.
Според Саломон, во последните 24 часа починале 365 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 1.696 лица, меѓу кои е едно 16-годишно лице.
Саломонрече дека губењето на мирис и вкус кои се сметаат за нови симптоми на овој вирус, не е откриен кај заразените лица во Кина.
Од друга страна, 257 полицајци во земјата биле позитивни на Ковид-19, и дека 10.131 полицајци се задржани во карантин.