Barış Seçkin
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 662 лица како резултат на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 8.165 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агостино Миоцо, претставник на Цивилната заштита, ги објави дневните податоци во врска со Ковид-19, во рамки на прес-кофенренцијата одржана во Генералната дирекција на Цивилната заштита во италијанскиот главен град Рим.
Миоцо нагласи дека моментално се наоѓаат 62.013 заразени со коронавирус во земјата, додека според него, доколку во оваа бројка би се додале и бројот на починати и излекувани, тогаш вкупната бројка на откриени случаи во Италија изнесува 80.539 лица.
Тој рече дека вкупно 10.361 лице е излекувано.
Според него, во последните 24 часа починале уште 662 поради коронавирусор, со што вкупната бројка на починати се искачи на 8.165 лица.