Yusuf Özcan
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 24.594 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации на прес-конференција ги соопшти Жером Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција.
Тој нагласи дека во последните 24 часа кај 883 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 200.137.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 25.887 лица, од кои 3.878 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, со раст од 862 се искачи на 50.212.
Според него, во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 218 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 24.594, од кои 15.369 лица починале во болници, и 9.225 во домовите за стари лица.