Kemal Karadağ
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 53.808, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 41.431 тестирање за Ковид-19, од кои 2.188 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 84 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 4.922 лица.
Во Турција се извршени вкупно 1 милион 75 илјади и 48 тестирања, откриени се вкупно 122.392 случаи, а починаа вкупно 3.258 лица поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.480 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 53.808 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на излекуваните лица во последните 24 часа е 2.25 пати поголем од бројот на откриени случаи. Се намалува бројот на лицата кои се наоѓаат во интензивна нега. Да бидеме внимателни во преземањето на мерките“, напиша Коџа.