Barış Seçkin
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 269 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 28.236, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 100.943 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 207.428.
Се вели дека денес се излекувани 2.304 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 78.249 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 269 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 28.236 лица.
Според соопштеното, 1.578 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Се нагласува дека досега во Италија извршени се 2 милиони 53 илјади и 425 тестирања за Ковид-19.