Islam Doğru
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ЊУЈОРК
Вкупната бројка на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 63.972 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, бројот на заразени со Ковид-19 во оваа земја се зголеми на 1.099.275.
Бројката на починати поради овој вирус во САД се искачи на 63.972.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 239.639 откриени случаи, Италија со 205.463 откриену случаи и Велика Британија со 171.253 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс. Во Њујорк откриени се 310.839 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 23.780 лица.
Во САД досега се извршени 6 милиони 416 илјади и 393 тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 156.089.