Yusuf Özcan
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 22.614 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на оваа земја се наведува дека во последните 24 часа откриени се 1.537 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 186.358.
Се вели дека 28.222 лица се во процес на лекување во болници, од кои 4.725 се наоѓаат во интензивна нега.
Бројот на излекувани лица во Франција со раст од 1.101 изнесува 44.594.
Во последните 24 часа починаа 369 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во болници и домови за стари лица во земјата се зголеми на 22.614.