Yusuf Özcan
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.065 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 767 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 189.849.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 13.101 лицe, од кои 1.163 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 544 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 69.976.
Во последните 24 часа починаа 44 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.065.