Nazlı Yüzbaşıoğlu
05 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
АНКАРА
Шефот на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија Фајез ал Сараж изјави дека и е благодарен на Турција поради нејзиниот историски став во врска со кризата во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во палатата во Анкара го прими либискиот премиер Сараж, кој по состанокот рече дека легитимните либиски власти и сили ќе се борат се додека ги неутрализираат сите непријатели во таа африканска земја.
Либискиот премиер рече дека на состанокот со Ердоган разговарал за продолжување на политичката и воената соработка и за случувањата во регионот.
Сараж рече дека Владата на национално единство на Либија во идниот процес веќе нема да даде можност за преговарање на водачот на нелигитимните и пучистичките сили во таа земја.
„Во процесот на обнова на Либија сакаме да видиме големо учество на турските компании", рече Сараж.
Истакнувајќи дека либиската војска ги спречи нападите на пучистите и во потполност го ослободи Триполи, Сараж рече дека тоа е голем и заеднички успех.
„Нема да се откажеме во борбата и на патот на градење модерна и демократска Либија. Нема да дозволиме иднината на нашата земја да биде под закана", порача Сараж.