Şerife Çetin
05 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Алијансата е подготвена уште повеќе да придонесува во меѓународната борба против тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг имаше свое обраќање на Состанокот на министрите за надвошрешни работи на земјите членки на Меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ организирана на виртуелна платформа под водство на Италија и САД.
Тој рече дека постигнати се многу важни успеси во борбата против терористичката организација ДЕАШ.
„ДЕАШ ги изгуби териториите кои извесно време ги имаше под своја контрола, но сеуште продолжува терористичката закана. Затоа НАТО продолжува да ја поддржува меѓународната борба против тероризмот, и е подготвено да ги зголеми своите напори“, додаде тој.
Столтенберг нагласи дека НАТО донело одлука за проширување на својата мисија за обука во Ирак, но според него, операциите на Алијансата се погодени од новиот вид коронавирус (Ковид-19), и затоа мисијата за обука во Ирак е суспендирано за извесно време.
Генералнито секретар на НАТО нагласи дека Алијансата ја разгледува можноста како може да преземе уште поголема улога на Блискиот Исток.
Истакнувајќи дека НАТО започнало повторно да ги развива своите капацитети и активности тука, Столтенберг рече дека нивната основна цел е да ги поддржуваат безбедносните сили на Ирак, да придонесат во стабилноста на земјата, да водат борба против тероризмот, и да го спречуваат враќањето на ДЕАШ.