свет, Коронавирус

Франција: Бројот на починати лица поради Ковид-19 се искачи на 28.771

Потврдени се уште 1.828 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 225.898

Yusuf Özcan  | 30.05.2020 - Обновена : 31.05.2020
Франција: Бројот на починати лица поради Ковид-19 се искачи на 28.771

ПАРИЗ

Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.771 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.

Потврдени се уште 1.828 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 225.898.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 14.380 лица, од кои 1.325 се наоѓаат на интензивна нега.

Од Ковид-19 се излекувани уште 486 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 68.268.

Во последните 24 часа починаа 57 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.771

Во соопштението се нагласува дека бројот на починатите во домовите за стари лица ќе се ажурира на 2 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın