Agim Sulaj
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 6 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.070, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Уште 12 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 841.
Не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 30.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 220 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 14.855.