Emel Gözellik
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2,7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 2.701.360 лице во светот успеале во борбата против Ковид-19.
Првите 10 земји во кои се регистрани најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни: „САД (523.062), Шпанија (196.958), Бразил (193.181), Русија (167.469), Германија (164.900), Италија (155.633), Турција (126.984), Иран (116.827), Индија (86.896) и Кина (78.302)“.
Бројот на откриени случаи во светот изнесува 6 милиони 94 илјади и 706, додека 368.831 лице во светот починаа како последица на овој вирус.