Ahmet Furkan Mercan
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ТОКИО
Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди островот Хокаидо кој се наоѓа во северниот дел на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Токачи во Хокаидо.
Се истакнува дека замјотресот со јачина од 5,8 степени се случил во 03:14 часот по локално време, на длабочина од 90 километри.
Според соопштеното, земјотресот бил почувствуван и во другите подрачја на островот.
Агенцијата за метеорологија на Јапонија по земјотресот не даде аларм за цунами.