Yusuf Özcan
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 17.920 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации на прес-конференција ги соопшти Жером Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција.
Тој нагласи дека во последните 24 часа кај 16.464 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 164.327.
Саломон информираше дека во болниците се лекуваат 31.305 лица, од кои 6.248 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 32.812.
Според него, во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 753 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 17.920, од кои 11.060 лица починале во болници, и 6.860 во домовите за стари лица.