Esat Fırat
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
Советот за исламски вакуфи во Ерусалим (Кудс) соопшти дека Ал Акса, сместена Источен Ерусалим (Источен Кудс) во рамките на мерките преземени со цел спречување на ширењето на заразувањето нема да биде отворена за молитви во текот на месецот на постот, рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Земајќи ја во предвид пандемијата предизвикана од Ковид-19, Советот донесе одлука Ал Акса ниту во месецот рамазан нема да биде отворена за молитви", се наведува во соопштението.
Се додава и дека одлуката е донесена во согласност со претходните фетви и препораки на експертите.
Управата за исламски вакуфи во Ерусалим (Кудс) на 22 март донесе одлука за потполно затворање на Ал Акса, а со цел спречување на ширењето на заразата.
Ал Акса н 21 август во 1969 година ја запали екстремистот Мајкл Денис Рохан. Во пожарот изгоре михработ Ал Џами ал Кибли и минберот стар речиси илјада години. Тогаш Ал Акса прв пат е затворена за молитва.
Според податоците на палестинската страна, во Источен Ерусалим, Ковид-19 е дијагностициран кај најмалку 81 лице.
Податоците на Министерството за здравство на Израел покажуваат дека во земјата од последиците на заразувањето со Ковид-19 починале 140 лица, додека се заразени 12.591.