Yusuf Özcan
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Од новиот тип коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Франција починаа 427 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи изнесува 24.087, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на француското Министерство за здравство се наведува дека во последните 24 часа откриени се 626 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 198.215.
Во француските болници со Ковид-19 хоспитализирани се вкупно 26.834 лица, додека на интензивна нега се наоѓаат 4.207 лица.
Во последните 24 часа од новиот тип на коронавирус се излекувани 1.430 лица, со што вкупниот број на излекувани изнесува 48.228.
Во последното деноноќие од епидемијата во болниците и старечките домови починаа 427 лица. Бројот на починати во болниците се искачи на 15.053, додека во старечките домови на 9.034. Со тоа вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 24.087.
Веќе 21 ден се намалува бројката на пациенти кои се наоѓаат во Одделите за интензивна нега.