İlyas Tayfun Salcı
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во изминатите 24 часа во Велика Британија регистрирани се 765 смртни случаи од коронавирусот, соопштија здравствените власти, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 26.097, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, наведе дека од 2 март до 28 април надвор од болниците починале 3.811 луѓе. Со нови 765 смртни случаи во последните 24 часа, бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 26.097.
Тој рече дека бројот на починати надвор од болниците ќе биде вклучен во дневниот извештај за смртните случаи во земјата.
Рааб рече дека во последните 24 часа тестирани се уште 52.429 лица, со што вкупниот број на тестирани е зголемен на 818.539. Со новите 4.076 новозаразени, вкупниот број се зголеми на 165.221.
Британската Влада вети дека до крајот на април ќе го зголеми бројот на дневни тестирања на 100.000.
Велика Британија на 23 март воведе низа мерки во однос на движењето на населението, но и затворањето на сите објекти што обезбедуваат комерцијални услуги, освен маркетите и аптеките.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот. Исто така, СЗО освен Европа, за нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, кој првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и Соединетите Американски Држави (САД).