Турција, Коронавирус

Турција: Авиосообраќајот кон Северна Македонија ќе започне на 15 јуни

Турција планира на 10 јуни по фази да ги започне авионските летови кон 40 земји од светот, при што кон Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија ќе започне на 15 јуни, а кон Албанија, БиХ и Црна Гора на 22 јуни

Arife Yıldız Ünal  | 04.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Турција: Авиосообраќајот кон Северна Македонија ќе започне на 15 јуни

АНКАРА

Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Адил Караисмаилоглу, соопшти дека планираат да започнат со летови кон 40 земји од светот, почнувајќи од 10 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Караисмаилоглу во писмено соопштение наведе дека Турција која успешно ја надмина кризата предизвикана од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во споредба со другите земји од светот, еден по еден ги спроведува во живот чекорите кои се дел од „новата нормализација“ на ситуацијата.

Караисмаилоглу во соопштението наведува дека со преземање на сите неопходни мерки на највисоко ниво, на 1 јуни е започнат авионскиот сообраќај во Турција, а дека во врска со авиосообраќајот кон земјите од светот, се во директна комуникација со 92 земји, и посочи: „Почнувајќи од 10 јуни, планираме во фази да ги започнеме авионските летови кон 40 земји.“

Караисмаилоглу во писменото соопштение ги наведе земјите кон кои по фази ќе започнат авионските летови, почнувајќи од 10 јуни:


10 јуни

- Турска Република Северен Кипар, Бахреин, Бугарија, Катар, Грција


15 јуни

- Северна Македонија, Германија, Австрија, Азербејџан, Република Чешка, Хрватска, Хонгконг, Швајцарија, Јапонија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Сингапур, Словенија, Таџекистан


20 јуни

- Холандија, Казахстан


22 јуни

- Албанија, Босна и Херцеговина, Данска, Естонија, Финска, Јужна Кореја, Ирска, Црна Гора, Киргистан, Летонија, Луксембург, Норвешка, Словачка


25 јуни

- Белгија


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.