Турција

Турција: Во мај беа неутрализирани 78 терористи

- Заменик-министерот за внатрешни работи изјави дека четворица од неутрализираните терористи се наоѓале во портокаловата категорија на листата на барани терористи, додека шест неутрализирани терористи спаѓале во сивата категорија.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 04.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Турција: Во мај беа неутрализирани 78 терористи

АНКАРА

Заменик-министерот за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, денеска изјави дека во мај низ Турција биле неутрализирани 78 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чатакли на месечната прес-конференција изјави дека во неутрализираните терористи спаѓале четворица кои се наоѓале во портокаловата категорија на листата на барани терористи, додека шест неутрализирани терористи спаѓале во сивата категорија.

Листата на барани терористи се дели во пет категории по боја - црвената е најбарана категорија, следуваат сина, зелена, портокалова и сива.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.