Aysu Biçer
04 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА
Турција денеска повторно ги отвора граничните премини со Иран и Ирак, кои неколку месеци беа затворени поради пандемијата на Ковид-19, напиша на Твитер турската министерка за трговија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Граничните премини Хабур и Гурбулак повторно се отворени за меѓународен товарен транспорт“, изјави турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан.
Таа изјави дека рестрикциите на овие земји се укинати поради бавното меѓународно ширење на можните загадувачи како и опаднатиот број на заразени од Ковид-19 во Ирак и Иран.
„Повторното отворање, исто така, означува крај на трговијата без контакт, практика што се спроведуваше во текот на пандемијата“, додаде таа.
Во почетокот на март Турција ги затвори своите гранични премини со соседните земји, вклучувајќи ги Иран и Ирак, за да го спречи ширењето на вирусот.
По затворањето, Министерството за трговија се фокусираше на надворешната трговија без контакт, за да продолжи со извозот и увозот на земјата.